Репрезентацијата на Шпанија ќе добие нов селектор откако Висенте Дел Боске по поразот на ЕП со 2-0 од Италија поднесе оставка на неговата функција. Неговиот наследник ќе биде познат деновиве.
Македонија во квалфикациите за СП 2018 во Русија е во групата заедно со Шпанија и Италија, а двете селеции во тој циклус ќе влезат со нов селектор. Антонио Конте не се одлучи да ја продолжи соработката со Италијанската федерација и по завршувањето на ЕП ќе седне на клупата на Челси.
Покрај Шпанија и Италија, “рисовите“ ќе се судрат уште со една селекција која настапи на ЕП. Селекторското место на Џани де Бијази на клупата на Албанија по големиот успех и пласман во Франција е сигурно. Израел и Лихтенштајн се останатие противници на Македонија.
Само првопласиранта селекција ќе обезбеди директен пласман на Мундијалот во Русија. Второпласираните селекции ќе играт дополнителен бараж за пласман на светскиот собир.
ohridnews