Екипата на Борусија Дортмунд со ремито против Аугзбург (1-1) не ги израдува навивачите во последниот меч за 2016 година на Вестафален, но израмни рекорд стар 51 година.


Имено, „милионерите“, цела 2016 година не претрпеа ниту еден пораз на домашен терен во сите натпреварувања, исто како во 1965 година.

Годината што изминува, Борусија Дортмунд се натпреваруваше во Бундес лигата, Купот на Германија, Лигата на Шампиони и Лигата на Европа и на сите четири фронта успеа да го сочува образот на „жолтиот ѕид“.

Навивачите посакуваа израмнување на рекордот со победа, но фудбалерите потфрлија и одиграа само 1-1 со составот на Аугзбург кој имаше и водство.

„Милионерите“ го разочараа „жолтиот ѕид“ на Вестфален (видео)

OhridNews