Индискиот милијардер Субрата Рој, при посетата на Охрид беше придружуван од бизнисменот Сант Чатвал, сопственик на синџирот хотели „Dream Hotels“, чие седиште е во Њујорк.
Покрај во големото јаболко Чатвал има хотели и во Мајами, Лондон, Банког, како и во Индија и Малезија.
Овој успешен бизнисмен е близок пријател на поранешниот американски претседател Бил Клинтон и член на неговата фондација „Вилијам Клинтон“.
Чатвал изминатите два дена имаше прилика да ги види убавините и туристичките потенцијали на Охрид.