Како што OhridNews дознава, советничка листа поднел и Љупчо Настоски, независен советник во актуелниот состав на советот, често присутен во јавноста донирајќи за институции во градот и за поединци.
Деновиве советничка листа поднесе и советникот Кујтим Усеини. За поднесување на предлог листи на кандидати за избор на членови во општинскиот совет,потребна е подршка од најмалку 350 потписници, а еден граѓанин може да се потпише само на една предлог- листа.
Законската можност за поднесување на кандидатури за кандидати за градоначалник и за поднесување на предлог листите на кандидати за избор на членови во општинскиот совет, започна на 26- ти јануари со отворањето на избирачкиот список на увид, а завршува на 9- ти февруари на полноќ.