Селекцијата на Србија меѓусебниот дуел со Македонија го гледа како шанса за што подобар пласман на Европското првенство во Полска.


Мечевите со домаќинот и бранителот на трофејот Франција ќе бидат вовед за она што ги очекува двете селекции во третата последна рунда од групата.

– Прво не очекуваат мечеви со Полска и Франција, а потоа натпревар со Македонија кој ќе одлучува што како понатаму. И да изгубиме 20 голови разлика од првите два противници, само да ја победиме Македонија во последната рунда. – рече Петар Ненадиќ.

Србите во контролниот натпревар со Унгарија забележаа победа 24-22, а токму Ненадиќ беше најдобар стрелец на екипата со осум голови.

По многумина одлучувачкиот дуел Македонија и Србија го играат на големиот празник „Водици“ со почеток во 18 часот.

Ohridnews