Холандскиот стручњак Дик Адвокат не е повеќе селекторот на српската фудбалска репрезентација.
Тој поднесе оставка по поразот на Србија од Данска 3-1 во натпреварот, кој се одигра пред празни трибини во Белград.
„Орлите“ по три одиграни натпревари имаат една победа и тоа службена над Албанија едно реми и еден пораз последниот од Данска.
За наследник на Адвокат назначен е Радован Чурчиќ, кој ја одведе младинската репрезентација на Европското првенство.
Мх.П.