И странци ќе можат да купуваат имот во Македонија !
10.02.08 16:38
Странски државјани во иднина ќе можат да купуваат имот во Македонија, соопшти денеска вицепремиерот на Владата Зоран Ставрески. Право да купат имот, стан или деловен простор во Македонија ќе имаат правните и физичките лица од земјите на Европска унија, додека за жителите на земјите кои не се членки на ЕУ, ќе важи принципот на реципроцитет. Единствено странците не ќе можат да купуваат земјоделско земјиште во Македонија, одлучи Владата.
Оттаму сметаат дека донесувањето на ваквата одлука ќе биде во функција на подобрување на бизнис климата во државата и прилив на инвестиции и ќе доведе до зголемување на цените на недвижностите и поголема побарувачка за нив. Одлуката според најавите на сила ќе стапи по влегувањето на Македонија во ЕУ.
Кај странските државјани и компании постои огромен интерес за купување градежно земјиште во Охрид каде цените на недвижностите перманентно растат. Се очекува тие неколкукратно да се зголемат со влегувањето на земјата во ЕУ.
Тригодишната реализација на Тренинг академијата за новинари и медиумски работници (Т-АЈМ) беше посветена на унапредување на професионалните знаења и вештини, зголемување на безбедноста и јакнење на...
По повод Светскиот ден на мозочниот удар, утре, 30 октомври 2026 година, од 10:00 до 13:00 часот, на Одделот за неврологија во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ в...
Општина Охрид, во рамки на своите програмски активности од областа на културата, насочени кон поттикнување и афирмација на творештвото кај децата и младите, распишува Конкурс за детски поетски фест...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.