Во организација на Црвениот крст од Струга до 30-ти овој месец, повеќе од 20 лица ќе се обучуваат за спасители на струшките плажи, пренесува „Алфа“.

Како што пишува овој медиум, според секретарот во Општинската организација на Црвениот крст во Струга, Адуриме Даути, концесионерите на плажите на почетокот од туристичката сезона и оваа година најавиле потреба од спасители на вода.

Ќе се опфатат 23 до 24 спасители за да имаме континуитет и ќе  имаме договор за наредните три години. Сите концесионери на плажите најавија потреба од спасители. Тоа е веќе тренд во светот. Да се има спасител на плажа покажува едно повисоко туристичко ниво. Со тоа се покажува дека Струга е подготвена да ги пречека туристите.“ – изјави Даути за „Алфа“.
 
Инаку, деновиве во Охрид заврши обуката за нови спасителите на отворени води, која се оддржа со цел зголемување на капацитетите на општинскиот Црвен крст во пресрет на новата туристичка сезона.

Во обуката беа вклучени и спасителите на вода кои активно и професионално се ангажирани на плажите во текот на минатите лета, како истите подготвено да ги дочекаат предизвиците и оваа туристичка сезона.

OhridNews