Преку новата и современа опрема која деновиве беше инсталирана во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, премиерно беше прикажан филмот „Трето Полувреме“ во Струга.

Оваа национална установа, на своите гледачи им овозможи квалитетна слика преку проектор со дополнителен објектив, ХД-резолуција и 3Д плеер од марката „Филипс“. Единствениот проблем кој го има популарното „кино“ во Струга е затоплувањето, а изминативе неколку денови преку неколку интервенции се цели кон обезбедување топла кино сала.

Инаку, Центарот за кулутра „Браќа Миладиновци“ е еден од 15-те национални установи кои добија модерна филмска опрема во рамките на проектот за обновување на киносалите во земјава.

OhridNews