„Слушај буразеру. Ти појмима немаш какo чеш се да се проведеш чеш се у нашими Охрида. Престој код мени за тебу биче ти врло веома много јако лепе. Брате ја знам српским врло веома много добро, али свртичу се на македонскима због теби да ми га научиш и ти македонског. Јер можу?“

Е така. Абе види не е проблем да зборвам српски, ама вака подруго е. А сакам, многу сакам и да пеглам и да веслам и да зборвам српски з`ш ние македонциве многу ве сакаме вас србите. Абе све би дале за вас. Све верви. Еве одма доказ. Пред некој ден и судии и адвокати и законодавци од шо ве сакет и се дадоа за вас и убиец ви ослободија. Абре брате србине.

Тук ко шо ти реков. Преубав помин ќе си имаш овде, на правнуци ќе си раскажваш. Поуба туристичка дестинација не си можел да одбериш од ова. Ќе осетиш брат. Имат овде да те манит културен шок. Не ќе мошј да се соземиш години. А богами и финансиски шок. Све шо имаш читано за Кирил и Методи, Наума и Клименти ќе си го осетиш овде. Не само ти. Сите туристи. Така ви го намерачвиме натоквиме немојш да не го осетиш.

Абе брате какви рекламни материјали. Никоја реклама немојт да ја презентират сесловенската култура како вашион Ацика. Лукас де. Пааааааа паа па. Убајна. Ко ќе рикнит со она гласиштено ко во времето Цар Смоил ко ќе им писнеше на војниците. Абре тие ќори го следеа Самоила и ние при очи како ќори по Ацета ваш.

Абре ти ко дома ќе си се осеќаш. Па Лепа Брена р`скање, па ако имаш среќа да ни дојт и Сеса со си сиски…….убајна. Е ќе забораев да ти нагласам. Сеј си овде на тераса немој да си мрднал ѓаол охридски да те натерат карта да купиш па да ојш таму. Не бре буразеру. Кај да живејш Охрид поубо се слушат отколку таму да си. Ко ти викам. И после ова да знајш. Седиш овде го вртиш ушето си слушаш изворен, староградски македонски турбо фолк од Србија.

Малку на лево опаааа матинат кубанска музика со илинденски примеси. Тро полево и опаааааа хип-хопеста традицинална сесловенска музика. Како ам. Е сега мојш да цимаш со вратот лево десно, ко да нудиш соби на автобуска и си миксаш. Тооо брате одма учиш. Како? Не бре брате србине. И да сакаш немојш да заспиеш. Никако. Немат да мојш ради друго нешто. После културниот, комуналниот, финансискиот, келнерскот, сместувачкиот шок имат да те манит уште еден охридско-туриситичко-старословенски-традиционален феноменателен…пази пази…..бубно-ушателен шок.

Знајш како р`скат в уше. Пооооо….абе каков ОРЛ морл. Имат сите чирој да ти испукет во ушето од музиката. Не биди глуп да даваш пари по доктори, масти ова она. Е па то е она шо сакав да ти кажам. На овај начин ние вршиме и промоција на медицински туризам. Како ам. Ко можеше на баба од музиката да и` се раздробит каменот и да го испомочат ко песок и то она езерскана жолтана, не пак тебе бе ќе ти рушит тие 7 чирченца шо кажвиш дека ги имаш во ушенцата. Знајш дека имам слушнато дека на некого и срцето му пукнало, абре море ко ќе мавнет басојте можда мојт и тумор да растерат.

А? Виде. Како ам, знам дека нигде таков шок не си доживеал з`ш нигде не се организирани како во Охрид бре брате једини само ти. Море алоооо ниеееее 30 години работиме, се мачиме, се трудиме, абре трудни останавме за на ваков начин да се промовираме, да ја презентираме вака наша култира и македонска традиција. Ако не со Аца Лукас со кого молимте ај кажи?

Туку сеј си ти уживај овде колку сакаш, а јас морам да те напуштам. Абе каде. Прво немат потреба јас да седам овде зш све шо имав јас чирчиња, мирчиња, камења, мочен меур, жолчка и други кеси ми испопукаа. Се излечив. Абе алал да им е на тие шо го водат градов. Алал да им е.

Тук ќе одам Занзибар. Не бре каков одмор бутуросан. Поубав одмор од овај шо ти го кажвев амин. Тук одам таму за да си ги гледам репрезентацииве наши по светски и европски првенства. Имаме бе како сме немале ние национална телевизија види го. Ама тие не пренесвет вакви настани. За пренос на македонска репрезентација е задолжена ЗТВ не МТВ. Ете и тој директорот од таму кажа дека не е насекиран шо МТВ имат најмала гледаност. И немат потреба шо да се секират за то. Него го интересират процентот на мирисност. З`ш телевизија не е за гледање та да се бориш за гледаност туку требит да се бориш за мирисност. Додуша на МТВ не само мирисноста, туку ѝ се крена баздливоста.

ЏИМИ

Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите

Поради годишните одмори  колумните од авторот Џими ќе продолжат да се објавуваат во септември