Македонската фудбалска репрезентација е поразена од Црна Гора со 2:1 во пријателски натпревар што денеска се одигра во Подгорица. Црногорците и без својот најдобар репрезентативец Вучиниќ во почетниот состав, стигнаа до победа против Македонија благодарение на подобрата игра во првото полувреме.

Теренската иницијатива домаќинот во водство ја претвори во 24 минута. На центаршутот по прекршкот на 30-на метри откосо, македонската одбрана и голманот Милошевски ги изненади дефанзивецот Џудовиќ. Три минути подоцна Пандев промаши колосална шанса. Казната стигна неколку минути потоа, кога по сомнително досудениот пенал Јоветиќ стрелаше прецизно.

Во второто полувреме со многу измени на двете страни Македонија успеа само да го ублажи поразот со голот на Попов на 5 минути пред крајот. За тимот на Катанец ова е трет пораз во серија. Претходно во рамки на квалификациите за пласман на СП загубивме од Холандија и Исланд.

Г.М.