Менаџерот во заминување од Манчестер Сити, Мануел Пелегрини би можел да се врати во шпанската Примера со презамањето на тренерската палка во Валенсија.


Управата на „лилјаците“ сериозно размислува за ангажман на Пелегрини иако првично се пишуваше за соработка со Жозе Мурињо вредна 19 милиони евра по сезона.

Името на Мурињо е најспоменувано во текот на оваа година. „Специјалниот“ најмногу се поврзува со Манчестер Јунајтед, но пак, од таму најавуваат продолжување на соработката со Луис Ван Гал.


Валенсија, неодамна го отпуши Гери Невил и го назначи Пеко Ајестаран за негов заменик до крајот на сезоната, а во името на Пелегрини гледа долгорочно решение на клупата.

OhridNews