Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луис ван Гал стравува за својата работа на Олд Трафорд по отказот за Жозе Мурињо во Челси.


Холанѓанецот за англиските медиуми изјави дека разделувањето на Челси и Мурињо го изненадило и оти никој менаџер не е сигурен на клупата без резултати на теренот.

– Изненаден сум од отказот за Мурињо. Незнам што се случува во клубот, но не очекував дека Челси ќе го отпушти. Тој е фантастичен тренер со многу рекорди кој ги нема ниту еден тренер, но резултатите сезонава не одеа во негов прилог. Моментално за тренерите во фудбалот мерило се резултатите и ништо друго. – рече Ван Гал и додаде за својата иднина во Манчестер. – Имам целосна поддршка од управата и играчите, но мора да имам и резултати во спротивно и мене ќе ме снајде судбината на Мурињо.

„Црвените ѓаволи“ се во резултатска криза откако немаат забележано победа во последните пет натпревари.

Ohridnews