Станислас Вавринка е најновиот тенисер кој се повлече и нема да настапува на Олимписките игри во Рио кои започнуваат на 5 август.
Швајцарскиот тенисер се повлече поради повреда на грбот, а претходно учеството го откажаа Рожер Федерер, Милош Раониќ, Доминик Тим и Томаш Бердих.
– Многу сум тажан, бидејќи со нетрпение го чекав моето трето учество на Олимписките игри во Пекинг и Лондон. Немам што да кажам нешто подетално околу повреда која ме мачи подолго време, само ќе им посакам среќа на сите швајцарски спортисти кои ќе настапот на Олимписките игри. – рече Вавринка.
Ждребката за тенискиот турнир на Олимписките игри во Рио е закажан за четврток во 16 часот.
OhridNews