Слично како и за време на одржувањето на првиот круг од локалните избори, така и овој викенд, на охридскиот аеродром се бележи поголема раздвиженост. Само во текот на вчерашниот ден беа реализирани три летови- еден авион пристигна од Цирих и два од Италија.
Утрово, на охридскиот аеродром слетаа два авиони од Италија и Швајцарија, а во попладневните часови се очекува да се реализираат три летови кон Италија.











