Граѓаните на Македонија и на Албанија во иднина државната граница ќе може да ја минуваат само со лична карта.

Договорот вчера во Тирана го потпишаа македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски и вицепремиерот и министер за надворешни работи на Албанија Едмонд Хаџинасто.

Со Спогодбата која наскоро треба да стапи во сила на македонските и на албанските државјани ќе им се овозможи да влегуваат, излегуваат и транзитираат со важечки биометриски лични карти. Тие максимално ќе може да престојуваат во соседната држава до три месеци во секој шестмесечен период, сметано од денот на првото влегување.

OhridNews