Со Решение на Агенцијата за храна и ветеринарство, поради загаденост, се забранува употреба на водата за пиење.
Агенцијата ја задолжува Месната Заедница од с. Косел да обезбеди хлорирање на водата од 0,2 до 0,5 мг./л. – се вели во известувањето.

Освен во Косел, последните испитувања спроведени од Центарот за јавно здравје во Охрид покажаа дека водата од системите за водоснабдување во селата Велестово, Елшани, Мешеишта, Климештани, Требеништа и Свињишта не е соодветно третирана со дезинфекциско средство и согласно тоа не е безбедна за употреба.
Г.М.












