Според прогнозите, времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од -15 до -4, а дневната од -1 до 5 степени.

И во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под минус 10 степени, а дневните до четврток ќе бележат тенденција на благ пораст.

OhridNews