Настава со скратени часови ќе се одржува и во понеделник- информираат од охридската локална самоуправа. Зависно од временските услови, во понеделник ќе се одлучува дали во текот на наредната недела наставата ќе продолжи со редовна динамика или со скратени часови.

Согласно одлуката на локалната самоуправа и дадената препорака од страна на министерот за образование, Панче Кралев, поради студеното време и ниските температури од 8- ми февруари , настава со скратени часови се одвива во сите основни и средни училишта во општина Охрид.

Слично е и во голем број други општини во земјава, а во дел од нив поради лошите верменскии услови настава воопшто не се изведува. 

OhridNews