Граѓаните на Македонија и на Црна Гора наскоро ќе можат државните граници на двете земји да ги минуваат само со лични карти. Ова е еден од заклучоците од билатералната средба на министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска со нејзиниот црногорски колега Иван Брајовиќ на маргините од конференцијата на министрите за внатешни работи на земјите од т.н. “Салцбургшки Форум“ што се одржува во Софија, Р. Бугарија.

Иницијатива која што ја предложи министерката Јанкулоска на ќе биде операционализирана со потпишување на билатерален договор.

OhridNews