Едно неодамна објавено истражување на американските експерти покажало дека и животните намерно конзумираат психоактивни билки. Американскиот невропсихијатар Дејвид Линден навел во својата најнова книга дека истражувањата покажале дека животните наводно конзумираат психоактивни билки и печурки, баш како и луѓето. Линден рекол дека е тешко да се откријат мотивите на животните за тие дејства, но овие врсти билки ги користат поради нивната психоактивна состојка, бидејќи немале речиси никаква хранлива вредност.
Животните биле свесни од ефектите на овие билки. Во Габон, слоновите, мајмуните, птиците и многу други животни конзумирале ибога, билка со халуциногени својства која ја користеле врачовите и домородните исцелители во традиционалните ритуали.