Поранешните соперници Филип Мексес и Златан Ибрахимовиќ кои за време на нивниот престој во Рома односно Интер жестоко се судрија, велат дека “секирите“ се закопани и подготвени се да соработуваат во дресот на Милан.

Мојот однос со Ибрахимовиќ е коректен, во минатото имаше “кошкање“ но сега е тој на моја страна и доста сум смирен. Ибра е голем шампион и среќен сум што ќе биде мој соиграч, а не ривал – вели Мексес.

Ohridnews