Манчестер Јунајтед и Арсенал значително ќе го засилат нападот за престојната сезона во Премиер лигата откако пред договор се со Златан Ибрахимовиќ односно Џејми Варди.


Скај спорт пренесува дека по завршувањето на Европското првенство во Франција, „црвените ѓаволи“ и Ибрахимовиќ ќе го официјализираат едногодишниот договор потпишан веднаш по назначувањето за Жозе Мурињо за менаџер.

„Топчиите“, пак, ја активирале клаузулата во новиот договор од Варди со Лестер и исто така по завршување на ЕП ќе седнат за финилизирање на договорот.

Ако Јунајтед и Арсенал успеат да ги доведат овие двајца фудбалери ќе стават дополнително масло во огнот кој се разгоре по назначувањето за нови менаџери на Жозе Мурињо, Пеп Гвардиола и Антонио Конте.

OhridNews