Еден од најдобрите шведски фудбалери Златан Ибрахимовиќ го крикуваше Кристијано Роналдо за трансферот во Јувентус кој Португалецот го нарече голем предизвик. Швеѓанецот смета дека Роналдо се преселил на сигурно знаејќи за доминација на „старата дама“ во италијанската Серија А.

  • Роналдо зборува за нови предизвици, а доаѓа во формирана екипа со екстра фудбалери која е шампион во Серија А години наназад. Преселувањето во Јувентус не е предизвик. Вистински предизвик ќе беше тој да играше во Јувентус, кога клубот се враќаше од Серија Б во елитата. – изјави Ибрахимовиќ.

Роналдо после девет сезони го напушти Реал Мадрид и за 105 милиони евра се пресели во Јувентус. Изјавата на Ибрахимови беше испровоцирана, откако Роналдо го повика Лионел Меси во Серија А и да се испроба во една од најквалитетните лиги во светот.

OhridNews