Шведскиот фудбалски виртуоз Златан Ибрахимовиќ царува на теренот, a „царски“ се и неговите изјави.


За англискиот спортски веснки „442“ италијанскиот репрезентативец Марко Верати откри пикантерија додека Карло Анчелоти беше на клупата од Пари Сен Жермен.

– Навикнавме на фантастичните голови кои тој го постигнува. Некои работи што ни ги кажува се несекојдневни. Тој на тренинг работи на секој сегмент од координација до креативност. Пред еден од клучните мечеви за титулата во 2013 година, игравме против Лион, Карло Анчелоти беше напнат. Сред тренинг му пријде Ибрахимовиќ и го праша: „Карло веруваш во Исус? – Нормално му рече тој, Да!“ и тогаш Ибра му рече: „Тогаш веруваш и во мене и сега можеш да се опуштиш“. Тоа е вистинскиот Златан, кој пука од самодоверба пред секој натпревар. Можеби тоа е неговата тајна на успехот – рече Верати.

Тогаш „светците“ ја освоија титулата, а најзаслужен беше Ибрахимовиќ, кој беше најдобар стрелец во шампионатот.

Мх.П.