Фудбалерите на Манчестер Јунајтед врзаа три победи во серија, откако со 2-0 го совладаа составот на Вест Бромвич Албион во 17-та рунда од Премиер лигата.


Предводник на „црвените ѓаволи“ во Бирмингем беше Златан Ибрахимовиќ кој ги постигна двата голови и стигна до 13-от сезонава во најсилната англиска лига.


Пулените на Жозе Мурињо со овој триумф ги вратија надежите за пласман во ТОП 4 кој беше незамислив после лошите резултати на стартот од сезоната.

Резултати: Кристал Палас – Челси 0-1, Мидлзброу – Свонси 3-0, Стоук – Лестер 2-2, Сандерленд – Ватфорд 1-0, Вест Хем – Хул 1-0, ВБА – Мен Ју 0-2.

OhridNews