Фудбалерите на Манчестер Јунајтед освоија само бод на Олд Трафорд на дуелот со Евертон ремизирајќи 1-1 во 31-та рунда од Премиер лигата.


„Црвените ѓаволи“ од пораз пред своите гледачи ги спаси повратникот во екипата Златан Ибрахимовиќ од пенал во 4-та минута од судиското продолжение. Претходно за водство за гостинскиот состав погоди Фил Јагиелка во финишот од првиот дел.


Ремито никако не оди во прилог на Манчестер Јунајтед кој полека, но сигурно го губи здивот во битката за пласман во ТОП 4 екипите во Премиер лигата.

Резултати: Барнли – Стоук 1-0, Лестер – Сандерленд 2-0, Ватфорд – ВБА 2-0, Мен Ју – Евертон 1-1.

OhridNews