Шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ го засени дебито на Пол Погба во дресот на Манчестер Јунајтед постигнувајќи ги двата погодоци во триумфот од 2-0 над Саутемптон на Олд Трафорд.
Популарниот „ибракадабра“ во финишот од првиот дел го отвори резултатот со ефектен погодок со глава, а во второто полувреме со прецизен удар од белата точка стави стави точка на триумфот.
Овој триумф е втор за „црвените ѓаволи“ во исто толку одиграни мечеви во англиската Премиер лига.
OhridNews