Лидерот на табелата, Челси и Манчестер Јунајтед прокнижија нови три бодови во Премиер лигата совладувајќи ги Сандерленд (1-0) односно Кристал Палас (2-1).
„Сините“ со десеттата победа во серија се одлепија на плус шест бодови од Ливерпул кој на гостински терен го совлада Мидлзброу (3-0). Стрелец за јубилејната десетта победа на Челси беше Цеск Фабрегас во првиот дел.
Златан Ибрахимовиќ со гол ви 89-та минута донесе значајна победа за „црвените ѓаволи“ на Селхуст Парк. Манчестер Јунајтед водеше 1-0 после голот на Пол Погба, а домаќините изедначија преку Марк Артур.
Резултати: Мидлзброу – Ливерпул 0-3, Сандерленд – Челси 0-1, Вест Хем – Барнли 1-0, Кристал Палас – Мен Ју 1-2, Манчестер Сити – Ватфорд 2-0, Стоук – Саутемптон 0-0, Тотенхем – Хул 3-0, ВБА – Свонси 3-1.
Табела: Челси 4-0, Ливерпул 34, Арсенал 34, Манчестер Сити 33, Тотенхем 30, Манчестер Јунајтед 27…
OhridNews