Манчестер Јунајтед го освои првиот трофеј во новата сезона победувајќи го шампионот од Премиер лигата, Лестер со 2-1 во англискиот Супер куп.
За „црвените ѓаволи“ ова е вкупно 21 трофеј од популарниот Комјунити Шилд, а го донесе Златан Ибрахимовиќ со гол во 83-та минута од натпреварот.
Претходно, во првиот дел Манчестер поведе со голот на Џеси Лингард, а на почетокот од второто полувреме Џејми Варди ги изедначи бројките на семафарот по катастрофалната грешка на Маруане Фелаини.
Одлуката за првиот трофеј сезонава падна во финишот од мечот, кога Ибракадабра на асистенција од Валенсија ја погоди мрежата на Каспер Шмајхел.
Судејќи според мечот од Супер купот љубителите на англискиот фудбал ќе следат возбудливи мечеви во Премиер лигата која започнува следниот викенд.
OhridNews