Екипата на Пари Сент Жермен обезбеди пласман во најдобрите осум во Лигата на Шампиони, но топ тема беше црвениот картон, кој го заработи Златан Ибрахимовиќ во првиот дел.
Холандскиот судија Бјорн Кјуперс во 31-та минута неоправдано го исклучи Ибра по дуелот со Оскар, но и со 10 фудбалери „светците“ се бореа до последниот здив.
– Кога го видов црвениот картон помислив дека судијата незнае што прави или пак дека видел нешто друго. Ја повлеков ногата во стартот, но не видов дали Оскар после глумеше. – рече шведскиот репрезентативец и додаде. – Најмногу ме трогна кога добив црвениот картон и кога ги погледнав играчите на Челси се осеќав како да сум опкружен со 11 бебиња.
Критики до фудбалерите на Челси упати и поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер, кој за англиските медиуми рече – Реакцијата на играчите од Челси беше срамна и неспортска. Секогаш играчите на Жозе Мурињо влегуваат со таа спецификација во натпреварите.
Ohridnews