Капитенот на селекцијата Златан Ибрахимовиќ на гала вечерта во Шведска беше прогласен за најдобар фудбалер во земјата за 2014 година.
Доделувањето на наградите помина во сеќавањето на прерано починатиот Клас Ингесон, кој ја загуби битката со ракот.
– Ова е награда за нешто што работам добро, но сега е потполно небитно. Кога веќе сме сите овде треба и мора да му оддадеме почит на Ингесон и Понтус Сегестром кои прерано не напуштија – рече Ибрахимовиќ.
Сегестром почина од тумор на мозокот исто како и братот на робусниот напаѓач – Тагуваме заедно. Некако оваа година така помина. Го изгубив брат ми од истата болест како и Сегестром. Тоа се многу побитни работи од фудбалот, тоа е живот. Нека им е вечна слава и нека почиваат во мир – додаде Ибрахимовиќ.
После говорот на Ибракадабра целата сала со солзи во очите аплаудираше и им оддаде почит на прерано починатите.
Ohridnews