„Црвените ѓаволи“ на крилата од Златан Ибрахимовиќ кој како слободен агент го засили Манчестер Јунајтед одлично котираат по три одиграни натпревари во Премиер лигата.


Напаѓачот, во интервју за канал „СФР“ напомена дека не му недостигна Пари Сент Жермен туку личниот доход кој Швеѓанецот го земаше месечно.

– Само платата ми недостига од Париз. Што се однесува до екипата, тие имаат страшен играчки ростер и филозофија. ПСЖ е мој фаворит во Лигата на Шампиони, а за титулите во Франција немаат конкуренција. – изјави Ибрахимовиќ.

Шведскиот интернационалец по четири одиграни натпревари го презеде приматот прва виолина во екипата постигнувајќи три погодоци во низа меѓу кои и победничкиот против Лестер во англискиот Супер куп.

OhridNews