Златан Ибрахимовиќ на свој препознатлив начин му одговори на Ерик Кантона кој му порача дека еден може да биде крал во Манчестер Јунајтед.


Швеѓанецот кој во летниот преоден рок го засили составот од Олд Трафорд по барање на Жозе Мурињо не чекаше премногу и возврати на оригинален начин.

– Слушнав што рече. Фала ти за убавите зборови. Секогаш ти се восхитував гледајќите, но да знаеш, јас нема да бидам крал во Манчестер туку Бог. – изјавил Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот поради настапите на Европското првенство во Франција се уште е на одмор и му се нема приклучено на останатите соиграчи кои почнаа да играат контролни натпревари.

Само еден може да биде крал на Олд Трафорд (видео)

OhridNews