Шведскиот репрезентативец Златан Ибрахимовиќ најави сензационален трансфер во Премиер лигата по завршувањето на сезоната.
Договорот на „ибракадабра“ со францускиот шампион Пари Сент Жермен истекува сезонава, и како слободен играч може да бира што понатаму во кариерата.
– Имам уште три месеци од договорот со ПСЖ, а потоа ќе се слуат големи работи. Сакам да играм во Премиер лигата, а и можам бидејќи се наоѓаам во добра форма. – рече Швеѓанецот.
Англиските медиуми најавата на Ибрахимовиќ ја поврзаа со Жозе Мурињо кој се погласно се споменува за наследник на Луис ван Гал во Манчестер Јунајтед.
OhridNews











