Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ не е најдобар слободен трансфер во Премиер лигата иако Швеѓанецот со головите го препороди составот од Олд Трафорд.
„Црвените ѓаволи“ скапо ги платија Пол Погба, Хенрик Мхтаријан и Ерик Бејли, но најдобриот стрелец во екипата го доведоа без оштетата од редовите на Пари Сент Жермен.
Првата позиција англиските експерти му ја доделија на Сол Кембел кој како слободен играч го направи најнеочекуваниот трансфер од Тотенхем во Арсенал.
На втората се наоѓа магионичарот со топка Џеј Џеј Окоча. Нигериецот од ПСЖ исто како и Ибрахимовиќ се пресели во Болтон и остави неизбришлив траг во Англија.
Топ 10 слободни трансфери во Премиер лигата:
10. Марк Шварцер (од Мидлзброу во Фулам)
9. Кевин Дејвис (Саутемптон-Болтон)
8. Демба Ба (Вест Хем-Њукасл)
7. Михаел Балак (Баерн Минхен-Челси)
6. Џанлујџи Вијали (Јувентус-Челси)
5. Гери Мекалистер (Ковентри-Ливерпул)
4. Руд Гулит (Сампдорија-Челси)
3. Златан Ибрахимовиќ (ПСЖ-Манчестер Јунајтед)
2. Џеј Џеј Окоча (ПСЖ-Болтон)
1. Сол Кембел (Тотенхем-Арсенал)
OhridNews