Златан Ибрахимовиќ целосно ја оправда довербата од Жозе Мурињо кој без оштета го доведе Швеѓанецот на Олд Трафорд. Корпулетниот голгетер во досегашниот дел од сезоната во Премиер лигата има постигнато 15 голови, а со челниците од клубот почна преговори за нов едногодишен договор.
– Јас сум професионалец кој секогаш потполно посветено влегувам во секој предизвик. Она што за мене секогаш јас го кажувам е дека никогаш не ја оставам мојата работа не завршена. – изјави Ибрахимовиќ и додаде околу преговорите за новиот договор. – Ќе видиме што ќе се случи. Сега, сите опции се во игра, но има уште многу време за финализирање на договорот. Играјќи во Манчестер уживам и можам да кажам дека е еден од најголемите клубови во светот. Моментално имаат многу квалитетен менаџер, за навивачите немам зборови и не згрешив кога го одбраво овој клуб.
„Црвените ѓаволи“ по три и пол месеци се искачија место од погоре од шестата позиција на табелата и ги вратија шансите за пласман во ТОП 4 во Премиер лигата.
Ибрахимовиќ на теренот ќе се врати следниот натпревар, откако на мечот со ВБА в сабота ќе го одлежи третиот натпревар од казната поради инцидентот со Тајрон Мингс на дуелот со Бурнмаут.
OhridNews