Капитенот на „викинзите“, Златан Ибрахимовиќ нема да патува во Турција каде селекцијата на Шведска во Анталија ќе одигра контролен натпревар против турската репрезентација.
Најголемата ѕвезда во шведската селекција со 11 голови на 10 средби беше најдобар стрелец во квалификациите сам одлучил да не игра откако селекторот Ерим Хамрен му дал можност да избира.
– Му понудив избор, а тој одлучи да не доаѓа со нас. Ми рече дека сака да остане здрав и подготвен за дуелите кој го очекуваат неговиот клуб Пари Сент Жермен во Лигата на Шампиони. Можеме и без него бидејќи се работи за контролни натпревари и нема потреба да форсираме. – рече селекторот.
Неизбежно беше прашањето за нивната безбедност по неколкуте терористички напади на Истанбул. – Ни гарантираа 100% безбедност и ние нема да се мислиме за тоа. Тие се стабилна земја и немаме причина да не и веруваме.
Шведска на Европското првенство во Франција се најде во Е групата заедно со Ирска, Италија и Белгија.
OhridNews











