Дебитанската сезона за Златан Ибрахимовиќ во Манчестер Јунајтед неславно заврши, откако повредата на мечот со Андерлехт се покажа фатална за шведскиот голгетер.


Робусниот напаѓач ги повреди лигаментите на коленото во последната минута од регуларните деведесет на Олд Трафорд во дуелот со Андерлехт во 1/4 финалето во Лигата на Европа.

После повредата првата виолина во нападот на „црвените ѓаволи“ ја напушти играта и со поткривнување замина од Олд Трафорд, а деталните прегледи ќе покажат каква е повредата на Ибрахимовиќ.

Покрај поранешниот шведски репрезентативец поради повреда предвреме мечот го заврши и Маркос Рохо за кого се уште не се знае колку ќе паузира од фудбалските терени.


Ибрахимовиќ е најдобар стрелец во тимот на Манчестер Јунајтед со 28 голови и без него Жозе Мурињо и „бебињата“ ќе бидат на големи искушенија во Премиер лигата и во 1/2 финалето во Лигата на Европа.

OhridNews