Кариерата не е доведена под знак прашалник на Златан Ибрахимовиќ, откако напаѓачот на Манчестер Јунајтед успешно ги оперираше вкрстените лигаменти на коленото во САД.
Информацијата во јавноста ја лиферуваше неговиот агент Мино Рајола кој одби да даде било каква друга информација за голгетерот.
Ибрахимовиќ потешко се повреди во финишот од мечот помеѓу Манчестер Јунајтед и Андерлехт во 1/4 финалето во Лигата на Европа.
Во дебитанската сезона во дресот на „црвените ѓаволи“, Ибрахимовиќ постигна 16 голови во Премиер лигата, а како што најавуваат медиумите од островот тој следната сезона нема да биде дел од клубот од Олд Трафорд.
OhridNews