Шведскиот репрезентативец Златан Ибрахимовиќ подготвен е да потпише договор со Манчестер Јунајтед, но под услов клубот да го напушти Луис ван Гал.


Условот за потпишувањето договор со клубот од Олд Трафорд уште повеќе ги подгреа шпекулациите дека Жозе Мурињо ќе го замени Холанѓанецот кој го загуби речиси целиот кредибилитет сезонава.

„Ибракадабра“ неколку пати изјавуваше дека сака да настапува во Премиер лигата, а го споменуваше и Манчестер Јунајтед како можна дестинација.

„Црвените ѓаволи“ на Ибрахимовиќ треба да му обезбедат само плата бидејќи после завршувањето на сезонава Швеѓанецот ќе биде слободен играч.

OhridNews