Златан Ибрахимовиќ предвреме го заврши мечот помеѓу неговиот клуб ЛА Галакси и Монтреал добивајќи директен црвен картон во 39-та минута. Швеѓанецот без топка со шлаканица го удри противничкиот играч, откако тој го нагази. Никој од судиите не го забележа инцидентот, па после прегледување на видео снимка донесена беше одлуката за исклучување на Ибрахимовиќ.

OhridNews