Пари Сент Жермен втора година по ред преку клубот од Стемфорд Бриџ обезбедува пласман меѓу осумте најдобри на стариот континент.

За разлика од минатата сезона, оваа „светците“ со две идентични победи (2-1) го елиминираа Челси која пак, не е ниту бледа сенка од ланскиот состав.

– Сега, нема веќе предавање, не можеме да се задоволиме со пласман меѓу четвртфиналистите. Ќе продолжиме во исти ритам. Двете победи против Челси уште повеќе ќе го разгори нашиот апетит. – рече Златан Ибрахимовиќ.

Со погодок и асистенција шведскиот репрезентативец сосема заслужено ја освои наградата играч на мечот на Стемфорд Бриџ.

– Генерално, игравме онака како што посакувавме. Мечот го отворивме исто така како што посакувавме, претпазливо и со голема посед на топката. Видовме и сите дека од една мала грешка ни направија шанса и постигнаа погодок. – додаде Ибрахимовиќ.

ЛШ: Ибрахимовиќ му пресуди на Челси (видео) 

OhridNews