Екипата на Пари Сент Жермен ремизираше со Каен 2-2 во француската Прва лига, а мечот го одбележа Златан Ибрахимовиќ.


Шведскиот горостас постигна неверојатен погодок, а при прославата го соблече дресот. Неговото тело беше целосно истетовирано, а со тоа Ибра испрати порака до светот.


– Ставив на себе 50 привремени тетоважи од луѓе кои низ светот патат од глад и сиромаштија. Тетоважите ќе исчезнат, но тие луѓе ќе останат, а мојата цел беше преку мене да ја видите пораката. – рече Ибрахимовиќ.

Фудбалерот на ПСЖ редовно учествува на хуманитарните настани кој некогаш и сам ги организира.

– Луѓето ме препознаат каде и да ме сретнат и ми го скандираат моето име. На моето тело немаше место за сите имиња, но кога ќе ме видите во иднина потсетесе дека има 805 милиони гладни и сиромашни луѓе. – потенцираше Ибракадабра.


После прославата Ибрахимовиќ заработи жолт картон и ќе го пропушти мечот со Монако, но тој стана херој на 805 милиони луѓе.

Ohridnews