Манчестер Јунајтед имаше трофеен почеток на новата сезона откако го совладаа Лестер со 2-1 во англискиот Супер куп. Човек на одлука беше Златан Ибрахимовиќ кој погоди за победа во 83-та минута од натпреварот на Вембли.


– Чувството е прекрасно. Ова беше мој прв официјален натпревар во дресот на Манчестер Јунајтед. Игравме за титула и победивме, а целиот фудбал на тоа се сведува освојување на титули. За мене ова 31 трофеј и сигурно ќе биде добре дојден во мојата колекција. Поради ова и дојдов во Манчестер и се надевам дека ова е само почеток. – рече Ибракадабра.


„Црвените ѓаволи“ и „лисиците“ одиграа одличен меч со три погодоци и најавија возбудлива сезона во Премиер лигата.

– Натпреварот беше многу тежок. Игравме против многу добра и организирана екипа. Нашиот тим е исто така добар и многу е важно што почнавме со трофеј кој ќе ни влее голема самодоверба за следните предизвици. – заврши Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ херој на „ѓаволите“ во англискиот Супер куп (видео)

OhridNews