Петер Мангс, еден од најпознатите шведски сериски убијци, тврди дека еднаш отишол дома по пиштол, за да го убие фудбалерот Златан Ибрахимовиќ, кој непрописно го паркирал својот автомобил.


Серискиот убиец, кој изврши две убиства, а се обиде да убие уште осуммина, во јужниот дел на Шведска, во Малме, во периодот меѓу 2003 и 2010 година, ова признание го напишал во неговата книга за неговиот живот.

Четириесет и тригодишниот Мангс пишува дека еднаш го забележал црвеното „ферари“ на Златан Ибрахимовиќ дека е непрописно паркирано, што според него е „типично балканско однесување“, алудирајќи на босанско-хрватско потекло на фудбалерот.

 Убиецот вели дека отрчал до дома да го земе пиштолот, но кога се вратил, автомобилот не бил повеќе таму. „Мислев дека ќе има соодветен одзив во медиумите ако тогаш го убиев“, пишува Мангс.

Во книгата Мангс го опишува своето детство во Смоманд, во јужниот дел на Шведска, како и поривот да убива Евреи и други со имигрантско потекло.

„Макфакс“