Шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ ќе остане во тимот на Манчестер Јунајтед, откако двете страни договорија соработка уште една година.
Информацијата за останување и продолжувањето на договорот ја лиферуваше Швеѓанецот на социјалните мрежи.
Интересно, Ибрахимовиќ ќе го преземе бројот 10, кој до неодамна беше во сопственост на Вејн Руни кој замина во Евертон.
Во видео најавата Ибрахимовиќ рече дека се враќа за да ја заврши работата која ја започна минатата сезона. Тој алудира на титула од Премиер лигата, која му недостига во богатата колекција на трофеи.
OhridNews