На крилата од Златан Ибрахимовиќ селекцијата на Шведска обезбеди пласман на Европското првенство во Франција следната година.


„Викинзите“ во бараж двомечот ја елиминираа Данска со вкупен резултат (4-3), а Ибрахимовиќ со двата постигнати голови на гостински терен ја зачува предноста од првиот натпревар (2-1).

– Најавуваа дека ќе ме пензионираат, но се случи сосема спротивното, јас да ја пензионирам целата нација. Во свој стил им одговорив на критичарите дека не сум стар и оти се уште можам да го понудам најдоброто од мене. Ќе биде многу добро што ќе се вратиме на европската фудбалска сцена откако го пропуштивме Светското првенство во Бразил. – рече Златан Ибрахимовиќ.

Тој најави дека по завршувањето на Европското првенство во Франција ќе се повлече од селекцијата во која е неприкосновен на голгетерската листа.

Ибракадабра ја одведе Шведска на ЕП (видео)

Мх.П.