Златан Ибрахимовиќ постигнал договор со ЛА Галакси, според кој ќе биде најплатениот играч во МЛС лигата, тврди Fox Sport, a пренесува Макфакс.


Најдобриот стрелец на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ, нема да остане на „Олд Трафорд“, туку кариерата ќе ја продолжи преку океанот, во американската МЛС лига.

Контактите помеѓу ЛА Галакси и Ибрахимовиќ пред неколку месеци ги потврди директорот на популарната франшиза, Алекси Лалас, а во вторникот Fox Sport. објави дека договорот е постигнат.

Поранешниот шведски репрезентативец е најдобриот стрелец на Манчестер Јунајтед оваа сезона со 26 постигнати голови во сите натпреварувања.

OhridNews