Членот на Државната изборна комисија од ДПА, Бедредин Ибраими демонстративно ја напушти седницата на ДИК поради одлуката на Управниот суд, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сепак да одат со заеднички листи во Струга и Кичево, јавува „Макфакс“.

„Пресудата на Управниот суд со која се дозволија заеднички листи на ВМРО– ДПМНЕ и СДСМ во Кичево и Струга, преставува атентат врз локалните избори“ рече Ибраими, додека потретседателот Супхи Јакупи воопшто не дојде на седницата.

Општинските изборни комисии во Струга и Кичево ги отфрлија заедничките листи на двете партии, по што нивната одлука беше обжалена пред Управен суд кој сепак реши двете партии да одат заедно на локалните избори во Струга и Кичево.

OhridNews
извор:“Макфакс“